Најпродаваното модно парче за ова лето: Ако го немаш во плакарот - многу пропушташ (ФОТО)
Основа за многу летни модни комбинации...
Шансите за ова модно парче да го немаш во плакарот се минимални, а ако навистина го немаш, ќе те прашаме само зошто? Голем моден хит е, а всушност станува збор за парче кое не е посебно и кое се носи со години.
Иако моментално е во тренд, всушност станува збор за еден класик. Никогаш не се носело толку како ова лето и така стана задолжително летно модно парче. А, станува збор за обична бела маица. Ваквите маици се наједноставните кои можеш да ги носиш во лето, а изгледа дека оваа година ги добија своите 5 минути. Ги носат сите, од Кендал Џенер, преку Хејли Бибер, до Бела Хадид. Ништо спектакуларно, а изгледа многу добро.
Не е ништо ново, но некако оваа година сите го забележаа. Идеално е за во лето, бидејќи освен што нема да ти биде топло во него, одговара со секакви панталони или здолништа, бидејќи е во бела боја. Не може да биде поедноставно. А, кога ќе фатиш боја изгледа уште подобро.
Прогласено е најпопуларно модно парче ова лето, а веќе е најавено дека ќе се носи и на есен. Модните дизајнери веќе почнаа да ги прават ревиите и да ги покажуваат своите есенски колекции, а многу од нив ја имаат вклучено и белата маица.
Моментално сме наполовина лето, па така имаш време да му се приклучиш на овој тренд, бидејќи 100 проценти некаде во плакарот имаш ваква најобична бела маица.
фото: Принтскрин / Инстаграм