Најскапите патики на светот: Едни штотуку се продадоа за над 1.8 милиони долари
Оваа продажба ги направи највредни патики на светот кои некогаш постоеле...
Некогаш ни се чини многу кога ќе дадеме повеќе од 10.000 денари за патики, но наспроти наскапите на светот, секоја цена изгледа мала. Станува збор за патики од брендот Nike и нивната соработка со еден познат музичар.
Патиките за кои зборуваме се продадоа за 1.8 милиони долари, па така станаа најскапите патики на сите времиња. Станува збор за моделот кој Nike го направи за Канје Вест, наречен „The Nike Air Yeezy 1“. Тие беа почетокот на создавањето на сега веќе познатиот бренд на Канје - Yeezy. Не ги купи ниту едно физичко лице, туку платформата RARES. Станува збор за платформа која вложува во лимитирани изданија на патики и потоа им дава можност на луѓето да купат дел (како што се купуваат акции). Тој дел луѓето може да го чуваат или да го продаваат понатаму и да го менуваат со други. Со оглед на тоа дек се работи за лимитирани изданија, таквите патики имаат прилично голема вредност. А, како изгледаат патиките?
Ништо спектакуларно, што би се кажало на прв поглед, обични високи црни патики. Освен што не се. Канје ги носеше во 2008 година на доделувањето на Греми каде што одржа настап за паметење со изведбата на своите два хита „Hey Mama“ и „Stronger“. Патиките се направени ексклузивно за него, а станува збор, за тогаш, потполно новиот модел на Nike патики. Не постојат уште едни такви патики на светот. Иако патиките се креирани за спорт и физички активности, кај овие Nike ги промени работите и ги креираше за музичарот, што и да значи тоа. Колку овие патики се посебни покажува и фактот дека беа изложени на изложбата во Хонг Конг.