Најскапото вино и декорација – Сите детали за роденденот на Анастасија, гламурозна прослава од 10.000 евра
Во подготовка е гала роденден, за кој многу ќе се зборува.
Младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ организира журка на 30 мај во еден луксузен ресторан во Белград. На журката ќе бидат поканети околу 120 луѓе и се зборува дека ќе потроши околу 10.000 евра за забавата.
Младата пеачка која ги освои сите со хитот "Ране” подготвува навистина голема прослава за својот 21 роденден, каде што меѓу делот од присутните загарантирани се нејзината фамилија, пријателите и соработниците.
Анастасија Ражнатовиќ уште сега изнајми агенција која се занимава со органзирање забави, што е вообичаено за неа, како личност која има истенчен вкус и води огромна сметка за деталите.
Како за изборот на местото каде што ќе се одржи забавата, па се до декорациите на просторот и на крај нејзиниот стајлинг за гламурозната вечер, сите одговорности и припаѓаат на агенцијата.
“Поради обврските кои ги има во врска со новата песна “Ране”, Анастасија одлучи да ангажира агенција за прославата на роденденот. Таа им даде детални инструкции, за тоа како би сакала да изгледа гала прославата. Декорацијата ќе биде во стилот на италјанските гламурозни забави. Ќе преовладуваат бело-розеви моменти, а на секое столче ќе има цвеќе посебно аранжирано за оваа прилика. По масите ќе има свеќници во розева боја и ќе се служи најскапото вино. Во сето ова, таа има огромна поддршка од нејзината мајка Цеца, која се труди да и ја исполни секоја желба. Се зборува дека прославата ќе чини околу 10.000 евра.” – изјавуваат од нивни блиски извори.