Најслаткиот тренд ова лето, за секунда дава шик изглед: Парче кое сигурно го имате во плакарот

Најслаткиот тренд ова лето, за секунда дава шик изглед: Парче кое сигурно го имате во плакарот

Објавена во: Мода // In and Out

Ова лето ќе се носи еден детаљ кој ја открива кожата, но со стил и на целата комбинација ќе ѝ даде еден впечатлив, шик печат.

Станува збор за свилените марами кои се носат наместо топ и маица, па така овој аксесоар се претвора во многу практично и повеќенамеско парче облека.

Познатите убавици и познати модни блогерки оваа сезона со задоволство ги носат марамите врзани околу гради, а особено е добро тоа што од тоа како ќе ја врзете, може да добието повеќе различни начини на кои ќе ја износите и секогаш ќе може да изгледате поинаку.

@americanthreads

How to tie your scarf tops from American Threads ##styleinspo ##threadsbabe ##fashionhacks

whats my name - "majesticmusic"

Марамата претворена во топ може да ја носите и на плажа, но и на забава, а прекрасно се вклопува и со лелеави здолништа, тексас шорцеви или панталони со широки ногавици. 

На фотографиите во продолжение, може да погледнете неколку идеи за тоа како да го износите овој тренд:


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: