Најстарото биолошко дете на Анџелина и Бред наполни 14 години: Ќерката Шило сака да стане момче

Најстарото биолошко дете на Анџелина и Бред наполни 14 години: Ќерката Шило сака да стане момче

Објавена во: Совети // Семејство

Шило Џоли Пит е најстарото биолошко дете на поранешниот актерски пар, Аџелина Џоли и Бред Пит. Родена е на 27 мај 2006 година во еден град во Намибија, а изгледа како преубав микс од својот татко и мајка.

Шило наводно веќе го прославила својот роденден двапати, а она што е интересно е дека за неа кружат озборувања дека е трансродна личност. Родена е како девојче, но сака да стане момче.

Бред и Анџелина тоа никогаш не го потврдија официјално, но во потполност ја поддржуваат својата ќерка во сѐ и со години ја облекуваат како момче и ѝ дозволуваат да ја шиша косата кратко.

Пит во едно од своите интервјуа за странските медиуми зборуваше за својата ќерка и призна дека барала од нив да и се обраќаат со машко име.

„Единствено што таа сака е да ја викаме Џон. Џон или Питер. Тоа е од Петар Пат, знаете. Па мораме да ја викаме Џон.“ - рече Бред.

„На нас како родители тоа ни беше слатко, но многу луѓе се грозеа“ - откри холивудскиот миленик.

Исто така, Анџелина пред 10 години зборуваше за својата ќерка во интервју за „Vanity Fair“ и рече:

„Шило сака да се облекува како момче. Таа сака да биде момче. Поради тоа и ја скративме и косата. Таа мисли дека е една од своите браќа“ - рече тогаш Џоли.

Девојчето пред три години беше во посета на експерт кој и препорача хормонска терапија и советување, за кое смета дека би требало да и помогнат во тоа да стане момче, но сето тоа ќе се случи кога ќе наполни 18 години, освен доколку не го промени мислењето. 

„Некои деца облекуваат наметки и сакаат да бидат Супермен, а Шило сака да биде како своите браќа. Таа не изненади сите нас, но е многу интересна. Таа е и повеќе од тоа. Смешна е и убава.“ - додаде Анџелина.

„Шило сака комбинезоки, јакни и широки дуксери. Не носи фустанчиња“ - заклучи мама Анџелина.

Се зборува дека Бред и Анџелина двапати го прославиле 14 - от роденден на Шило и тоа одвоено, тврди близок извор.

Наводно Пит организирал огромна забава за Шило во својата куќа, додека Анџелина го направила истото, но деталите од оваа забава не и ги открија на јавноста.

Шило неодамна имаше операција на колкот и помина два месеци во болница.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: