Најтажната приказна на светот: 6-годишно девојче кое боледува од ретка болест од Дедо Мраз посака само еден подарок

Најтажната приказна на светот: 6-годишно девојче кое боледува од ретка болест од Дедо Мраз посака само еден подарок

Објавена во: Совети // Семејство

Овој „подарок“ го чека цели 2 години...

На ова 6-годишно девојче итно му е потребна трансплантација на срце и по 2 години на листата за чекање, на нејзините родители им е јасно дека времето истекува.

Докторите на Џорџија Кирчин велат дека повеќе не можат да направат ништо и дека без операцијата нема да може да преживее. Сега, 33-годишната мајка на девојчето, упати очајничка молба за помош и повика повеќе луѓе да размислат за донација на органите. Кажа: „Џорџија само сака да има ново срце и да може да има нормален живот и да си игра со своите пријатели. Тоа би бил најдобриот божиќен подарок кој би можела да го добие“.

Џорџија е родена со ретко срцево заболување кое се вика критична аортна стеноза. Тоа значи дека дека аортната валвула, која го контролира протокот на крв во нејзиното срце е премногу тесна. Дијагнозата ѝ ја дале докторите кои ѝ го спасиле животот кога колабирала дома на само 5 дена. Џорџија, која има и постара сестра Мили (11), следните 8 недели ги поминала на интензивна нега.


Кога имала 3 месеци, веќ еимала две операции на срцето. Исто така морале да ѝ го ампутираат стапалот, бидејќи едната од иглите која докторите ѝ ја ставиле, довела до компликации. Нејзината состојба почнала да се влошува пред 3 години и е ставена на листата за трансплантација на срце. 

Џоди, нејзината мајка објаснила: „Беше малку шокантно да се слушне дека докторите повеќе не можат ништо да направат за неа. Никогаш не мислев дека ќе дојдеме до таа точка. Секогаш мислев дека докторите ќе можат некако да го поправат тоа.“.

И покрај својата состојба, Џорџија успеала да продолжи да оди на училиште, иако лесно се заморува. Една нејзина другарка од училиште толку сакала да ѝ помогне, што дури се понудила да ѝ го даде своето срце на Џорџија за да ја одржи во живот. 

фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: