Најубавото девојче на светот порасна: Со фотките од плажа ги украде воздишките на сите
Кога беше официјално прогласена за најубава девојка на светот, Тилан Блондо имаше само шест години. Оваа Французинка денес има 20 години и нејзината убавина само стана повпечатлива со текот на времето. Нејзината руса коса и сините очи ја направија привлечна за модната индустрија каде одлично се снаоѓа, а фотографите ја следат насекаде.
Последниот месец Тилан го помина во Сен Тропе со своето момче Бен Ател. Кога не се на плажа, се релаксираат на јахта или поминуваат време во локалните кафулиња, а нејзиното најново издание, едноставен и ефективен син костим за капење, е доказ колку добро изгледа.
Убавата Французинка и нејзиното момче со кое е во врска од минатата година, каде и да се појават заедно привлекуваат големо внимание.
Тајлан стана еден од најбараните луѓе во европската модна индустрија, и бидејќи веќе има повеќе од четири милиони на својата банкарска сметка, може да одбира која понуда ќе ја прифати. Секако, ѝ помага и добро познатото презиме, бидејќи таа е ќерка на францускиот фудбалер Патрик Блондо и водителката Вероника Лобури.
фото: Profimedia