Најубавото средно училиште на светот: Се наоѓа во дворец и во него се снимаше еден познат филм (ФОТО)

Најубавото средно училиште на светот: Се наоѓа во дворец и во него се снимаше еден познат филм (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Некои среќници навистина одат тука на училиште...

Замисли да одиш во вакво средно училиште! И не, пред да помислиш дека сигурно чини многу пари, тоа не е приватно училиште. Дефинитивно најубавото средно училиште кое некогаш сме го видиле.

Ако го споредиш ова средно училиште со своето, ќе паднеш малку во депресија. Можеш ли да замислиш дека некои среќни тинејџери навистина учат во ова училиште? „Stadium High School“ се наоѓа во Такома, САД, и со добра причина ја носи титулата едно од најубавите средни училишта на светот. Изгледа како дворец - затоа што не ни требало да биде училиште. Ова всушност би требало да биде хотел, но плановите малку се промениле и денес е средно училиште. Целиот кампус изгледа како од некој филм. Дури и игралиштето, поточно, спортскиот терен изгледа толку добро што и оние кои го мразат предметот Физичко образование овде сигурно со задоволство би трчале.

Иако изгледа поинаку од останатите средни училишта, функционира исто како и било кое друго училиште. Со исклучок на тоа што некогаш е сцена за филмови. Да, ако ти изгледа познато, тоа е затоа што во ова училиште се снимени многу сцени за популарниот тинејџерски класик „10 Things I Hate About You“. Филмот дополнително го прослави училитето, но дефинитивно не му е потребна дополнителна реклама. Доволно е да го погледнеш и да посакаш да учиш во него.

Училиштето е толку посебно што дури постојат и турстики тури на кои посетителите може да одат. Секако, во време кога не се одржува настава. Иако е голема атракција, на крајот од денот, сепак е училиште.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: