Најважните денови во животот на секоја млада личност: 8 од нив никогаш нема да ги заборавиш
Немој ниту случајно да ги прескокнеш, бидејќи подоцна ќе зажалиш...
Сега можеби не сфаќаш колку се важни овие денови, но ќе сфатиш кога ќе поминат. Некои од нив ги зимаме здраво за готово и не им придаваме големо внимание, но подоцна токму тие денови се оние кои засекогаш ги паметиме.
# Првиот бакнеж
Ти треба ли воопшто објаснување, зошто ова е еден од оние денови кои ќе ги паметиш засекогаш? На некои ова им убав спомен, на некои баш и не, но секако е ден за паметење.
# Првиот ден во средно училиште
Нов клас, нови луѓе, за некои и нов град и нова средина, сѐ е ново и поинакво, не знаеш што те очекува. Ова ќе биде ден кој ќе ги дефинира следните 3 или 4 години од твојот живот! Затоа овој ден обиди се да се опуштиш и да ги запознаеш соучениците со отворен ум, немој веднаш да одиш со предрасуди кон некој, на пример поради физичкиот изглед.
# Матурска вечер
Немој да ја прескокнеш! Дури иако не се чувствуваш удобно во тоа окружување. Барем оди на неколку часа, па ако навистина не ти убаво, лесно можеш да си заминеш дома порано. Најлошо е да не отидеш, бидејќи ова ќе ти биде ден за паметење.
# Денот кога ќе положиш за возачка дозвола
Оние кои ќе положат за кола уште додека се во средно, ќе се чувствуваат кул кога првпат ќе отидат на училиште со кола. Добивањето на возачка дозвола е навистина еден од поголемите успеси. Сигурно ќе бидеш пресреќен кога ќе го завршиш тоа.
# Она посебно излегување
Секој во младоста има едно посебно излегување кое ќе го памети засекогаш. Ако тебе не ти паѓа на ум ниту едно, тогаш уште не се случило. Тоа е она излегување кое ќе го прераскажуваш со години, кога се случиле некои апсолутно неочекувани, но добри работи, кои ти се случиле тогаш и никогаш повторно. Би било штета да го пропуштиш, доколку седи дома затворен во соба и не оди никаде.
# Кога ќе ги заработиш твоите први пари
Без разлика дали е тоа работа додека си средно, дали е студентска или пак од некое свое хоби имаш направено мал бизнис. Чувството кога ќе ги добиеш првите пари кои навистина ги имаш заработено и ги потрошиш на нешто што го сакаш не може да се опише со зборови. Ниту една друга плата и заработка нема да ти бидат толку слатки како првата.
# 18-от роденден
Кога и да се одлучиш да го прославиш, ова е ден кој ќе го паметиш. Немој да дозволиш некој или нешто да ти го расипе.
# Последниот ден во средно
Се памети еднакво како и првиот ден. Немој да го уништиш со големи количини на алкохол или пак со тоа што нема да се појавиш.
фото: Принскрин / Ilya Shishikhin i Patty Brito