Најверојатно наскоро повторно ќе ги гледаме: Работи што ги научивме од „Пријатели“!
По 15 години, најверојатно серијата „Пријатели“ ќе се врати, па по тој повод се потсетуваме на сите лекции на кои не имаат научено.
Џенифер Анистон во шоуто на Елен Диџенерс навистина не развесели кога рече дека оригиналната актерска постава на „Пријатели“ би можела повторно да се собере. Наводно, конечно би можеле да гледаме нови епизоди од оваа легендарна серија и нема да мораме да ги прегледуваме репризите на Нетфликс.
Од последната епизода на серијата поминаа 15 години и изгледа дека е екипата повторно да се спои. Досега имаше безброј обиди, но секогаш некој се откажувал или воопшто не бил за „reuniun“.
Е, сега Џенифер не убеди дека конечно сите се сложуваат со идеата на неколку нови епизоди.
„Слушајте, ви кажав веќе... Јас би го направила тоа со задоволство. Девојките се за, момците исто така се за, сигурна сум. И да, сешто може да се случи“ - рече Џенифер.
Независно од тоа дали овој нејзин обид ќе успее, од оваа серија навистина досега научивме многу. Ова се 10 - те најдобри лекции.
# Доколку направиш нешто глупаво, вистинските пријатели искрено ќе ти кажат дека си направил нешто глупаво.
# Пред пријателите не може да се преправаш. Можеш да бидеш максимално чуден.
# И со нив е полесно да ги пребродиш тешките ситуации.
# Исто така, секогаш се тука за совет.
# А, може да те научат и на важни животни правила.
# Не не' учеа за само за пријателство. Туку и како се флертува.
# Исто така, момците научија дека не треба да се мешаат во прашањата кои ги нервираат жените.
# Храната не се дели. Дури ни со пријателите. Златно правило.
# Родендените се супер. Додека не сфатиш дека го прославуваш сопственото стареење.
# И на крајот, не научија дека животот некогаш не е бајка, но дека пријателите се тука да ти олеснат.