Најзгодните момци на овогодинешната Евровизија: Со задоволство ќе ги слушаме, но и кои ќе сакате да ги гледаме (ФОТО)
Кој не би ја сакал Евровизија? Навивачката атмосфера ги надвладеа обожавателите на најпрестижното музичко натпреварување, се слушаат неверојатни песни, се ужива во уште поимагинативни сценски настапи и костими, а нема да се лажеме - очите ни остануваат вперени и во згодните момци на сцена.
Иако досега не сте фрлиле око на Евровизија поради тоа што нашата земја нема претставник, откако ќе ја видите листата на згодните момци кои оваа година ги претставуваат своите земји во Ливерпул, сигурно ќе го направите тоа.
Па, да почнеме:
# Ендрју Ламброу
Ова 24-годишно момче е претставник на Кипар со песната „Break a Broken Heart“. Со својот настап не скрши ништо, но сигурно ги освои срцата на девојките кои го следат ова натпреварување. Роден е во Австралија, но се вратил во Кипар, во татковината на неговите родители, за да ја претставува земјата на музичкиот натпревар.
# Лук Блек
Вистинското име на претставникот на Србија е Лука Ивановиќ и тој се претстави со песната „Само ми се спава“. Но, кога ќе го видиме него, никако не ни се спие - туку само сакаме да гледаме во него. Инаку, овој пејач има 30 години и е првиот српски уметник кој потпишал договор за „Universal Music Group“, една од најголемите музички куќи на светот.
# Виктор Верникос
Најмладиот претставник на Грција во историјата на Евровизија, Виктор има само 16 години. Почнал да пишува песни на 11 години. Покрај тоа што е млад и талентиран, тој е и неверојатно сладок, па не се сомневаме дека многу девојки ќе гласаат за Грција, токму поради Виктор.
# Рајли
Рани Петерсен, попознат и како Рајли, ја претставува Данска со песната „Breaking My Heart“. Покрај неговата музичка кариера, ова 25-годишно момче е и многу успешен инфлуенсер. Тој има повеќе од 10 милиони следбеници на ТикТок, а на Инстаграм ја има надминато бројката од 300.000.
# Марко Менгони
Италијанскиот поп пејач и текстописец стана познат во 2009 година по победата во италијанското шоу „Х-фактор“ и оттогаш гради успешна музичка кариера. Тој ја претставува својата земја со песната „Due Vite“ или во превод „Два животи“, која зборува за љубовна болка по раскинување.
# Ремо Форер
Преслаткиот 22-годишен пејач ја претставува Швајцарија со песната „Watergun“, која крие антивоена порака. Инаку, овој Швајцарец со музика се занимава уште од раното детство, а знае да свири на флејта, хармоника и пијано.
# Теодор Андреј
Тој е пејач, композитор и актер, а оваа година ја претставува Романија со песната „DGT (Off And On)“. 18-годишниот рокер призна дека настапот на Евровизија отсекогаш бил негов сон, а неговата песна има силна порака да останеме верни на себе и да бидеме иницијатори на промените кои сакаме да ги видиме во светот.
фото: Принтскрин / Инстаграм