Наоми Кембел првпат во јавноста со ќерката: Гордата мајка прошета со бебето и не ја тргнуваше насмевката од лицето
Наоми Кембел, една од најпознатите, а некогаш и најбараниот модел, за првпат се појави во јавноста со ќерката.
Наоми Кембел неодамна го изненади светот со веста дека станала мајка на 51 година, а сега папараците за првпат ја фотографираа на прошетка со ќерка ѝ.
Гордата мајка постојано му се смееше на бебето, а беше облечена во бела кошула и капа, а погледот го сокриваше со црни очила за сонце.
Идентитетот на девојчето и понатаму вешто го сокрива од љубопитните погледи, но глетката од улиците на Њујорк секако привлече големо внимание, бидејќи папарацо фотките го заобиколија светот.
За потсетување, Науми за првпат се наоѓа во улогата на мајка. Својот 51 роденден го прослави во најдоброто друштво на кое долго се надеваше. Името, како и лицето на девојчето, сѐ уште се непознати за јавноста.
фото: Profimedia