Направете сами: Антибактериска маска од тоалетна хартија или салфетка
Поради големата побарувачка за антибактериски маски, многу е тешко да ги најдете во аптеките, па ние ви покажуваме како да направите маска лесно и евтино ...
Сè што ви треба е салфетка и обични ластичиња за тегли.
Земете неколку слоеви на салфетки, а потоа свиткајте ги и преклопете ги едни над други за да направат нешто како широка лента. Сегнете ги краевите на салфетката заедно и врзете ги со еластични ластичиња. Конечно ширете ја салфетката и ставете ги ластиците околу ушите и ќе добиете одлична маска која ќе ве заштити од надворешни влијанија.
Се разбира, можете да користите други материјали ако мислите дека тие нудат подобра заштита, па така на сличен начин направете своја верзија на маската.
Постапката на изработка може да ја погледнете во видеото на Машки магазин.