Направи нешто што скоро никогаш не го прави: Ариана Гранде сподели селфи без шминка

Направи нешто што скоро никогаш не го прави: Ариана Гранде сподели селфи без шминка

Објавена во: Мода // Moj стил

Ариана Гранде докажа дека е природна убавица. Пејачката можеби е заштитно лице на козметичката колекција, „r.e.m. beauty“, но тоа не значи дека не ги сака моментите без шминка. Ѕвездата пред неколку дена сподели преслатко селфие, на кое изгледа дека минимална шминка или дека ја нема воопшто, а ќе се сложите дека изгледа прекрасно.

Ариана сподели фотографија без натпис, но на фотографијата ги означи „r.e.m.“, што не наведува да веруваме дека таа или носи мала количина на шминка или рекламира препарати за нега на кожа. Исчезнаа нејзините омилени моливчиња за очи, трепки и сјајните усни, а на нивно мсто е убавиот и свеж, природен изглед. Меѓутоа, Ариана го задржа својот препознатлив изглед, одлучувајќи се за ниско опавче и црно топче.

Козметичката линија на Арина беше лансирана кон крајот на 2021 година, а за „Teen Vogue“ објасни дека на почетокот не сфаќала колку шминката и убавината се испреплетуваат со нејзината музика: „R.E.M. опфаќа многу омилени делови од мојата музика. Очите се нашите најефикасни комуникатори. Може да кажете повеќе со начинот накој гледате некој отколку што понекогаш може да артикулирате со зборови. Тие се она што го користиме за да сонуваме, одмориме... и токму таму има многу повеќе убавина“.

Chapter 1, нејзината прва колекција, вклучува сѐ, од маркер и молив за очи, преку сјај за усни до светкави течни сенки, сѐ во пакување инспирирано со научната фантастика. Со или без шминка, Ариана и понатаму е една од најголемите инспирации за убавина и едвај чекаме да видиме што подготвуваат таа и „r.e.m.“ за Chapter 2.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: