Направи три ДНК тестови, се плашеше да му каже на светот дека е негово дете: Синот на Дрејк ги шармираше обожавателите на татко му

Направи три ДНК тестови, се плашеше да му каже на светот дека е негово дете: Синот на Дрејк ги шармираше обожавателите на татко му

Објавена во: Совети // Семејство

Нивната семејна приказна не е типична, но денес овој татко и син се неразделни и среќни заедно

Малиот Адонис Греам, синот на популарниот рапер Дрејк, денеска ги преплави медиумите и социјалните мрежи со слаткото заедничко интервју кое го даде со својот татко.


Во разговор за „Barstool Sports“, водителот и комичар Кејлеб Присли сакаше да слушне од момчето за тоа како Дрејк се однесува дома.

- Тој е смешен татко. Прави многу смешни шеги - рече Адонис.

Рече и дека никогаш не се кара, освен ако некој не го нападне, па тогаш возвраќа.

Краткото интервју ги воодушеви обожавателите на Дрејк, кои на Твитер велат дека момчето е „преслатко“ и дека тоа е „најдоброто интервју што некогаш го виделе“.

Не ја пропуштија големата разлика во изгледот на таткото и синот, бидејќи Адонис е со светол тен, сини очи и многу светла и кадрава коса.


Адонис е роден по врската на Дрејк со француската уметница Софи Брусо, а долго време не се знаеше дека раперот има дете. Тоа го најави дури по извесно време во 2018-та година, со неговата песна „The Story Of Adidan“.

- Го криев моето дете од светот, го скрив светот од моето дете... - рапува, меѓу другото.

Како што еднаш призна и самиот, бидејќи тој и момчето изгледаат толку различно, повеќе пати се сомневал дали навистина е неговиот татко. Затоа дури три пати правел тест за татковство пред да објави дека е татко.

- Да бидам искрен, направив ДНК тест со син ми, а потоа ни рекоа дека е оштетен за време на транспортот и дека не можат да бидат 100 отсто сигурни дали е мој син или не - изјави еднаш Дрејк.

- Значи тоа беше ситуација во која бев на чекање, па не сакав да му кажам на светот дека тоа е мојот син, ако се испостави дека не е - објасни тој.

Потоа низ смеа истакна дека главната причина е тоа што малиот е целосно бел, синоок и русокос.


- Ако го видите мојот син, ќе разберете зошто - изјави тогаш Дрејк.

После тоа направи уште два теста.

- Ми требаа уште два квалитетни ДНК тестови од две различни компании - искрен е тој.

Инаку, Адонис е роден во 2017-та година, а неговата мајка Софи Брусо е родена и израсната во Франција. Со години работеше како модел, а денес е успешна сликарка.


Медиумите пишуваа дека таа е поранешна ѕвезда на филмови за возрасни, што не е точно, бидејќи ја помешаа со актерка со слично име. Таа го запознала Дрејк во јануари 2017-та година, во јапонски ресторан во Амстердам, но никогаш не биле во сериозна врска.

Извор: glossy.espreso.co.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: