Наскоро сите мобилни ќе имаат исти полначи: Ова ги налути сопствениците на еден тип на мобилни телефони

Наскоро сите мобилни ќе имаат исти полначи: Ова ги налути сопствениците на еден тип на мобилни телефони

На некои не им се допадна новата одлука која ќе ја заштити животната средина...

2024 година ќе воведе многу промени за сите корисници на сите видови и марки мобилни уреди! Оваа нова уредба најмногу ги шокираше корисниците на Iphone. Постигнат е договор за универзален полнач за сите видови мобилни уреди.

Имено, сите модели на мобилни телефони и произведувачи ќе мораат да користат само еден вид, односно тип на полнач. На многумина тоа не им се допадна, а особено на корисниците на Iphone. Причината за тоа е фактот што во прашање е топот Ц полнач, кој денес го имаат скоро сите Huawei и Samsung уреди. Но, Iphone отсекогаш бил доследен на својот стар модел на полначи, кој е универзален на Apple, па затоа оваа одлука никако не им се допадна.

Но, од една страна тоа ќе биде неверојатно корисно, бидејќи со еден полнач ќе можеме да ги полниме сите уреди, така што и стариот полнач ќе може да го користиме на другите уреди. Оваа одлука нема да важи за мобилните уреди кои се купени до 2024 година со оглед на тоа што тогаш одлуката стапува на сила. Иако изгледа далеку, тоа ќе дојде многу брзо, а со самото тоа и помалку ќе ѝ наштетуваме на околината со тоа што годишно фрламе околу 11 тони отпад и тоа само во полначи. Така нема да ни биде полесно само на нас, туку и на природата.

фото: freepik.com

Можеби ќе ве интересира: