Наследниците го ископираа Дејвид Бекам: Таткото прв го направи тоа (ФОТО)
Познатиот фудбалер Дејвид Бекам беше иницијатор на трендот на фарбање на мажите во текот на 90 - тите години на минатиот век.
Бекам после толку години повторно се врати на својот стил од 90 - тите и својата коса ја избланшира, а тоа го направија и неговите наследници.
Дејвид на својот Инстаграм профил објави заедничко селфи кое сега брои повеќе од 1.6 милиони лајкови.
„Понекогаш момците би требало да се сетат кој го направи ова прв во 90 - тите. Но, според нивните изрази на лицата, не се баш задоволни“ - напиша поранешниот фудбалер во описот на фотографијата и шеговито додаде: „Без грижи, ќе исчезне за неколку недели.“
Покрај многубројните комплименти кои ги добија, фотографијата ја искоментира и Викторија Бекам.
„Тато го направи ова прв, а овој пат изгледа уште подобро“ - напиша сопругата на фудбалерот.