Наставничката на Путин брутално искрена: „На 14 години му скрши нога на друг ученик, беше многу непослушен“
Некогашната наставничка на Владимир Путин, Вера Гуревиќ, пред 22 години за германските медиуми откри некои тајни од деновите од детството на Владимир Путин.
Имено, како што наведува Вера, Путин како дете не бил многу силен, но сепак често се тепал со другите деца. Вера Гуревиќ, која му била наставничка на рускиот претседател, пред 22 години ја покажа фотографијата од своите ученици на која е и Путин, па малку го опиша неговиот карактер кој го красел уште од млади години.
Како што кажа, фотографијата е направена во седмо одделение, а го опиша и него.
„Путин тогаш не беше физички силен, но беше многу непослушен, помалку злобен. Сакал да биде најсилен во друштвото“ - раскажа наставничката, која додаде дека тој сакал да биде најсилен во друштвото.
„Така докажуваше дека е посилен од другите. Редовно правеше „претстави“ за да покаже дека може да се одбрани сам“ - додаде Вера Гуревиќ своевремено за „Spiegel TV“.
Истакна дека, како што растел, сѐ повеќе го покажувал својот карактер.
„На 14 години на друг ученик му ја скрши ногата. Кога го прашав зошто го направил тоа, ми кажа дека некои личности разбираат само насилство“ - кажа наставничката на Путин во интервјуто кое го даде пред 22 години.
фото: Принтскрин / Јутјуб