Наташа Беквалац на прагот на петтата деценија блеска: Се соблече во костим за капење и ја покажа фигурата
Пејачката Наташа Беквалац одмараше на црногорското приморје, од каде што редовно споделуваше видеа и фотографии на Инстаграм...
Имено, Наташа сподели видео на Инстаграм во кое покажа како изгледа во костим за капење, а многумина останаа воодушевени од нејзината фигура. Наташа заводливо позираше пред огледалото, сакајќи да го покаже секој мускул на своето тело.
Таа во последните неколку месеци води сметка за исхраната и слободното време го поминуваше во теретана, а резултатите се и повеќе од воочливи.
Инаку, Беквалац редовно добива комплименти на сметка на својот изглед, со оглед на тоа дека во септември ќе наполни 41 година, со што ќе влезе во петтатата деценија.