Наташа Беквалац објави фотографија од породувањето: Тукушто родендената Катја ѝ во прегратка (ФОТО)
Нејзината наследничка денес полни 5 години...
Пејачката Наташа Беквалац често објавува приватни фотографии на социјалните мрежи, а сега изненади многу следбеници со емотивната објава на Инстаграм.
Имено, таа за првпат покажа фотографија од салата за породување, кои се направени веднаш по раѓањето на нејзината ќерка Катја.
Наташа се породи на 28 февруари 2018 година, а на свет донесе девојче на кое му го даде името Катја.
Денес нејзината наследничка полни 5 години, а Наташа со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот.
„Никогаш нема да го заборавам денот кога те родив. Се роди ти, се родив повторно и јас. Мојата Катја денес полни 5 години“ - напиша пејачката под фотографиите на кои во салата за породување го држи тукушто роденото бебе.
За потсетување, Наташа ја доби Катја во третиот брак со Лука Лазукиќ, а од првиот брак со Данило Икодиновиќ ја има преубавата ќерка Хана.
фото: Принтскрин / Инстаграм