Натпис на маица ги збуни корисниците на ТикТок: Не можат да се договорат што пишува, секој гледа различно (ВИДЕО)
Погледнете го видеото па напишете во коментар што гледате вие?
Клои Пирс е млада мајка која често објавува видеа на ТикТок.
Така таа сподели видео на кое се гледа како на своето бебе му купила маица во нежно зелена боја. На маичката има бел натпис, за кој Клои прво мислела дека пишува „floppy“. Но, потоа луѓето ѝ кажале дека гледа погрешно и дека пишува „happy“.
„Всушност ми е многу незгодно. Го купив ова за својата ќерка денес и долго време се обидував да сфатам што пишува на предната страна“- беше Клои во дилема околу натписот.
@chloepearce11 Replying to @ mum of two boys #momsoftiktok #momtok #babiesoftiktoks #mumhacks #babytok #babytiktok #mumtok BORN FOR THIS - Foxxi
„Јас всушност читам flappy“ - искоментира еден корисник на ТикТок, давајќи трет предлог за тоа како може да се прочита овој натпис.
Под видеото се разви цела расправа, а фонтот очигледно е толку збунувачки, бидејќи луѓето навистина на различни начини толкуваат што навистина пишува на маичката.
фото: Принтскрин / ТикТок