Научниците се здружија: Кучињата во служба за откривање на КОВИД-19?
Организацијата „Medical Detection Dogs“ во соработка со лондонското училиште за јавно здравство и тропска медицина (LSHTM) и Универзитетот Дурам на северо-истокот од Англија сакаат да утврдат дали кучињата може да помогнат во дијагностицирањето.
Оваа студија е продолжение на поранешните истражувања за способностите на кучињата да насетат маларија и темелите се на претпоставката дека болеста предизвикува специфичен мирис.
Организацијата ги започна подготовките за обуката на кучињата која би требало да започне за шест недели, со цел да се осигура „брз неинвазивен дијагностички метод“.
Организацијата претходно ги обучувала кучињата да откријат болести како карцином, Паркинсонова болест или бактериски инфекции, така што им давале примери земени од пациентите.
Кучињата можат, помеѓу останатото, да откријат и мали промени во температурата на кожата.
„Уверени сме дека кучињата може да откријат КОВИД-19“ - вели Клер Гест, основач на организацијата. „Сега истражуваме како можеме сигурно да ги добиеме мирисите на вирусот кај пациентите и да ги изложиме кучињата на тој мирис.“