Науката докажува дека имате моќ да го промените ставот за животот: 25 начини за среќа
Когнитивно - бихејвиоралната терапија може да му помогне на секој да се справи со негативните мисли!
Некои луѓе просто зрачат со среќа: секогаш се смеат и забавуваат и успеваат да се ослободат од негативните емоции и искуства. Но, доколку мислите дека нема шанси вие некогаш да бидете такви, грешите. Науката докажува дека имате моќ да го промените ставот за животот. А, тоа дури и не е толку тешко: голем број од советите во продолжение се едноставни, како на пример, насмевка од време на време (да, и тоа е еден од советите). Еве како да бидете посреќни:
# Вежбање
Вежбањето предизвикува поголема циркулација на крвта, со што се ослободува ендорфините низ целото тело, создавајќи чувство на среќа кое го победува лошото расположение. Истражувањата покажаа дека вежбањето може да помогне при ублажување на симптомите на депресија. Не е важно за која физичка активноста станува збор - трчање, возење на велосипед, јога, танц - сето она што ќе ве испоти. Дури и прошетката од 20 до 30 минути може да биде од помош.
# Јога
Кога ќе се налутите, би било добро малку да застанете и да направите еден или два поздрави кон сонцето. Јогата може да помогне да ги ублажите симптомите на депресија, како и анкциозност, што ви овозможува малку да успорите и да се концентрирате на дишењето наместо на грижите, фрустрациите и проблемите.
# Јадете зелен зеленчук
Темниот, зелен зеленчук, како што се спанаќот и кељот се полни со фолат и обезбедуваат 33% од препорачаната днена доза. Оваа хранлива материја е поврзана со намалувањето на негативното расположение и депресија, бидејќи помага во создавањето на допамин во мозокот. Едно истражување од 2012 година заклучи дека луѓето кои се во средни години и кои внесуваат најмногу фолат имаат помал ризик од симптоми на депресиј од оние кои помалку ги внесуваат.
# Пробајте ја когнитивно - бихејвиоралната терапија
Когнитивно - бихејвиоралната терапија е докажан начин на лекување на клинична депресија и анкциозно пореметување, а исто така може да му помогне на секој на кој едноставно му треба да научи како да се избори со негативните мисли. Оваа терапија им помага на пациентите да ги препознаат, а потоа и да ги обноват штетните модели на размислување со проверка на нивната валидност и на крај да ги заменат со позитивни, што ги прави посреќни, поздрави и им го подобрува расположението.
# Купете си самите на себе цвеќе
Тимот истражувачи од Хардвард откри дека свежото цвеќе во домот прави чуда во одбраната од анкциозност и негативно расположение. Учесниците во ова истражување исто така покажале повеќе сочувство кон другите и повеќе енергија и ентузијазам во завршувањето на обврските.
# Смејте се
Можеби мислите дека смеење е реакција на чувство на среќа, но некои истражувачи тврдат дека смеењето исто така може да доведе до радост. Едноставниот чин на смеење - дури и ако морате да се приморате на него - може да помогне да се активира центарот на среќа во мозокот и така да ви се поправи расположението.
# Уклучете ја светлосната кутија
Светлосната терапија претставува успешен начин на лечење на сезонското афективно пореметување, но експертите се сложуваат дека ги лечи и симптомите од големо депресивно пореметување. Тажни сте? Вклучете ја светлосната кутија на половина час или час, а за да го почувствувате нејзиното дејство, користете ја како дел од секојдневната рутинска терапија.
# Кренете ги ролетните
Доколку немате пристап до светлосна кутија, повеќе природна светлина може да ви го поправи расположението. Кога работните и животните простори се светли и вие се чувствувате среќно.
# Излезете
Почнувате да се чувствувате лошо? Излезете и впијте ги сончевите зраци. Човековиот организам создава витамин Д кога е изложен на сончеви зраци, а истражувањата велат дека луѓето на кои овој витамин им недостасува имаат повеќе шанси да бидат депресивни, анкциозни и уморни. Излезете на сонце 20 до 25 минути за на природен начин да го поправите расположението.
# Јадете печурки
Неочекуван извор на витамин Д се печурките. Овој вкусен зеленчук е единствениот билен извор на природен витамин Д, а храната која содржи витамин Д го стимулира серотонинот во мозокот, што доведува до подобро расположение. Лесно е на овој начин да го зголемите внесувањето на витаминот Д - додајте печурки во вашиот омлет за појадок или пак во салатата за ручек.
# Пробајте да медитирате
Добра вест: медитацијатае докажан начин да се намали стресот без штетни пропратни ефекти. Истражувањата покажуваат дека нејзините предности од намалување на болката и нискиот крвен притисок до поттикнување на либидото. А што е најдобро во сето тоа? Ослободувањето на „среќните“ хемиски супстанци во мозокот - серотинин, допамин и ендорфин - кои сите влијаат на поправување на расположението. Доколку не знаете како да започнете, пробајте ја водената медитација за ослободување од стресот.
# Мирисајте портокали
Мирисот на цитросното овошје, како што се портокалите, лимонот и грејпфрутот предизвикуваат позитивни хемиски реакции во мозокот и ублажување на стресот. Доколку сакате да се чувствувате подобро, ставете неколку капки цитрусно есенцијално масло на телото. Овој мирис може да го измешате со некоја цветна арома како што е јасминот, за позитивниот ефект да биде уште посилен.
# Јадете јаглехидрати за попладневна ужина
Познат ли ви е оној пад на расположението во попладневните часови, кој ве погодува точно во најлошото време? Изгледа дека внесувањето на јаглехидрати може да ви донесе посреќно и поенергично попладне. Со години слушаме како треба да ги избегнуваме, но во реалноста исхраната без јаглехидрати може да направи да се чувствуваме тажни или да бидеме под стрес.
# Играјте си со вашите домашни миленичиња
Кучето или мачката сериозно може да ви го подобрат квалитетот на животот - нивното возбодување кога ќе видат дека доаѓате дома и безусловна верност ги прави совршено друштво. Има многу причини зошто домашните миленици ви го подобруваат здравјето, но тие за момент може да го елиминираат лошото расположение и да ве направат посреќни. Едно истражување покажува дека галењето со кучето од само 15 минути може да ви го поправи расположението.
# Правете кратки паузи
Истражувањата покажуваат дека личностите кои прават кратки паузи за време на работниот ден за да погледнат некои забавни содржини имаат голема емотивна корист од тоа и се чувствуваат поенергично и посреќни, со помалку негативни емоции.
# Додајте куркума во својот оброк
Активната состојка на куркумата, има природно својство на антидепресив. Можеби веќе додавате куркума во своите оброци, затоа што е добра за целокупното здравје на организмот.
# Слушајте музика
Дали некогаш сте слушнале некоја песна на радио која ве израдувала? Или сте пуштиле некое старо CD и ве преплавија среќни сеќавања? Тоа е затоа што музиката го подобрува расположението.
# ... и пејте
Можете да бидете среќни и со создавање на сопствена музика - така што ќе пеете. Истражувачите од Универзитетот во Манчестер откриле дека еден мал оган во внатрешното уво е поврзан со делот на мозокот кој регистрира задоволство. Затоа слободно пејте под туш, во автомобил или на бината за караоке.
# Јадете чоколадо
Иако можеби не ви треба уште еден изговор за да јадете чоколадо, еве го: не прави посреќни. Чоколадото содржи триптофан кој поттикнува создавање на серотин во мозокот, што доведува до подобро расположение.
# Пијте кафе
Овој утрински енергетски поттик има двојно дејство затоа што го поправува и расположението. Инстражувањето од Универзитетот Хардвард установи дека жените коои редовно пијат барем 2 шољи кафе се изложени на 15% помал ризик од депресија од оние кои воопшто не пијат кафе. Само внимавајте на модерните напитоци од кафе.
# Пијте зелен чај
Се покажало дека зелениот чај го намалу нивото на стрес. Едно истражување открива дека личностите кои пијат пет или повеќе шољи зелен чај, имаат 20% помало ниво на стрес од оние кои пијат помалку од една шоља.
# Поврзувајте се со луѓето
Доколку сакате да се чувствувате подобро - и тоа брзо - одете кај пријателите или членовите на семејството. Едно истражување од Универзитетот во Северна Каролина открива дека човековиот допир ослободува хемиски супстанци кои даваат добро чувство исто како серотонинот.
# Внесете здрави масти
Знаете ли дека авокадото е една од највкусните храни, благодарејќи на богатиот вкус и мазната, декадентна текстура? Тој сам по себе поволно влијае на расположението, но истражувањата велат дека неговиот состав на масти е уште една причина зошто вашето расположение се подобрува.
# Јадете повеќе лосос
Рибите кои се погати со масти како што е лососот имаат многу омега - 3 масни киселини, што може да помогне во одбраната од депресија. До ова доаѓа затоа што помага да се одржи мозочната функција во деловите кои го регулираат расположението и емоциите. Доколку не сакате риба, пробајте да зимате сумплименти со омега - 3 рибино масло.
# Пробајте кантарион
Кантарионот е еден од најмногу проучуваните билни суплименти за депресија, а истражувањата покажале дека може да биде еднакво ефикасен како антидепресиви во лечењето на блага депресија. Познато е дека може да доведе до сериозни контраиндикации во комбинација со лекови, затоа пред да го користите посоветувајте се својот лекар.