Навики што ти ја одземаат енергијата
Понекогаш ти се
чини дека со денови се чувствуваш како „исцеден лимон“ и немаш желба за ништо,
без да размислиш дека постојано повторуваш работи што ти ја црпат енергијата. Според истражувањата одредени секојдневни навики се виновни за хроничниот
замор. Еве само три од нив, кои би требало да се потрудиш и да ги исфрлиш од
секојдневната рутина.
Работиш повеќе работи истовремено
Колку пати во текот на денот се обидуваш да зборуваш на телефон, додека истовремено одговараш на пораките на Фејсбук, без да размислиш дека тоа те исцрпува. Едно британско истражување покажало дека на личностите кои подолг период се мултифункционални полека им се намалува IQ коефициентот, а тоа може да се изедначи со оние кои слабо спијат или примаат седативи.
Енергијата ја обновуваш со благо
Сигурно ти е познат оној дел од денот кога се чувствуваш толку исцрпено што мислиш дека енергијата ќе ти ја врати само чоколадо од 200 грама. Да, чоколадото бргу ќе ти ја врати енергијата , но со иста брзина таа и ќе излезе од организмот. Затоа во такви моменти подобро е да изедеш некое овошје, тоа повеќе ќе те освежи.
По цел ден висиш на социјалните мрежи
Психијатрите предупредуваат дека социјалните мрежи екстремно депримираат бидејќи на нив може да се види сè и сешто, од лоши вести до негативни коментари што може тотално да те исфрустрираат. Кога се зборува за социјалните мрежи, мора да знаеш дека тие не само што ти ја црпат енергијата туку на моменти може да те доведат дури и до очај. Во моментите на замор мислиш дека ќе се одмориш со тоа што ќе провериш што има ново на Фејсбук и Инстаграм, а се случува сосем спротивното, само повеќе се замориш.