Навистина многу си личат: Двојничка на Тејлор Свифт во солзи откако мајката на пејачката го изгледа нејзиното видео на TikTok

Навистина многу си личат: Двојничка на Тејлор Свифт во солзи откако мајката на пејачката го изгледа нејзиното видео на TikTok

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Тејлор Свифт и нејзината мајка Андреа Свифт пред неколку часа видоа неверојатни клипови од тиктокерката Ешли Лечин, која често се облекува како поп-ѕвездата Тејлор. 
Имено, откако неодамна ја сними реакцијата на пејачката која го откри насловот на песната од нејзиниот претстоен албум „Midnights“, Теј во делот за коментари напиша: „Мајка ми штотуку го виде ова и рече „личи на тебе“.

Непотребно е да се каже дека со овој потег, Теј ѝ помогна на Ешли да ги оствари своите најлуди соништа. Во друго видео, тиктокерката која има над 639.000 следбеници на популарната платформа, може да се види како скока на креветот во возбуда. „Во моментов плачам и се тресам“, рече таа низ солзи радосници. „Те сакам! Ме остави без зборови“.

Ешли всушност стана популарна откако Свифт ја забележала нејзината сличност со Теј, а се започнало со видео на кое таа перела алишта. Оттогаш таа продолжи да создава содржини инспирирани од пејачката, а можеме да кажеме дека целата нејзина напорна работа сега се исплати!




Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: