Наводно е виновна за разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели: Која е фаталната русокоса Софи?
Кружат озборувања дека пејачот имал афера со гитаристката од својот бенд...
Во јавноста како бомба одекнаа насловите дека Меган Фокс и Машин Ган Кели раскинаа.
Судејќи според Инстаграм профилот на Меган, тоа е тоа, на врската ѝ дошол крајот. Избришани се сите заеднички фотографии, Меган го отследи својот поранешен од Инстаграм и остави значајна порака: „Можеш да ја почувствуваш несигурноста, таа е насекаде во твојот здив“.
Зад оваа објава можеме да насетиме дека Меган открива дека е изневерена. Обожавателите сега ја бараат вината за разделбата на оваа позната двојка.
Како што пишува „Page Six“, виновникот е Соги Лојд, гитаристката од бендот на Машин.
Имено, обожавателите во коментари на социјалните мрежи пишуваа за можната причина за разделбата, а еден корисник во коментар ја обвини Софи, велејќи дека тие двајца флертувале уште на почетокот, кога гитаристката се приклучила на бендот и алудираше дека токму со неа Кели ја изневерувал Меган. Меган одговори на тој коментар и напиша дека можеби таа е онаа која го изневерила него со Софи.
Многу збунувачки одговор, но судејќи по реакциите на социјалните мрежи, крајот на врската се случил токму поради Софи.
Но, која е оваа фатална русокоса?
Оваа 26-годишна девојка, својата кариера ја започнала како Јутјуберка, а на нејзиниот канал има повеќе од 800.000 следбеници. Во 2022 година доби животна можност, кога Ган Кели ја повика да се придружи на неговиот бенд и од месец мај настапуваат заедно.
Судејќи по социјалните мрежи, Софи е во петгодишна врска со тапанарот Кристофер Пејнтер.
Ова се само шпекулации, ниту една страна официјално не се огласи за истите, и не ни преостанува ништо друго, освен да почекаме да се расветли целиот случај.
фото: Принтскрин / Инстаграм