Не чини ништо, а носи многу: Сите предности на една обична прегратка
Просечната прегратка трае 3 секунди, но за да ја почувствуваме вистинската предност од неа, би требало да сме во прегратки од 15 - 20 секунди.
Често сметаме дека сме си доволни самите на себе и дека не ни е потребно присуство на други личности, пренесува Poosh. Сепак, научно е докажано дека без допирите од другите луѓе би биле непрепознатливи како човечки битија. Тоа значи дека е нужно и здраво за нас да разменуваме допири секој ден. Ова ни е потребно исто колку и водата, воздухот и храната.
Еве неколку факти кои ни говорат за важноста на допирите: бебињата во сиропиталиштата имаат поголем праг на смртност, бијдеќи дури и доколку ја потрбената нега, не ги држават и не ги мазат колку што е потребно и тие буквално престануваат да растат. Исто така е докажано и дека НБА играчите кои се добро расположение и имаат повеќе контакт едни со други на терен, победуваат во голем број натпревари.
Семејната терапевтка, Вирџиниа Сатир вели: „Потребни ни се четири прегратки дневно за преживување, осум прегратки за издржување и дванаесет прегратки за растење.“
Просечната прегратка трае 3 секунди, но за да ја почувствуваме вистинската предност од неа, би требало да сме во прегратки од 15 - 20 секунди. Тогаш почнува да се лачи добро познатиот „хормон на љубов“. Можеби ви е неудобно тоа да го пробате со некои не толку блиски пријатели, но дефитивно можете да ги испробате сите придовки од прегрнувањето со членовите од семејството, блиските пријателите или партнери.
Еве уште неколку добри страни на прегрнувањето:
# градењето доверба и чувство на сигурност помеѓу две личност;
б прегрнувањето го зголемува нивото на серотонин и го крева расположението;
# го јакне имунитетот;
# го опушта мускулниот состав и ја намалува тензијата;
# прави рамнотежа во нервниот систем;
# значително го симнува крвниот притисок;
# не довеедува во состојба на потполна поврзаност со другите битија;
# ја зголемува самодовербата, бидејќи се чувствуваме сакани;
# го зголемува окситоцинот, што го спречува чувството на осаменост и бес.