Не е лесно да се биде принцеза: Кејт направи нешто што е најнормално за милиони девојки, а сега трпи навреди

Не е лесно да се биде принцеза: Кејт направи нешто што е најнормално за милиони девојки, а сега трпи навреди

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Поради едноставен маникир, омилената британска принцеза е прозвана дека не ја почитува традицијата.

Кејт Мидлтон се појави на велигденската миса со својот сопруг принцот Вилијам и трите деца.

Како и секогаш, британската принцеза беше топ облечена, во сино долго палто, со кое комбинираше сина чанта, капа и беж салонки.

Но, сето тоа падна во втор план откако луѓето го забележаа светло-црвениот лак на нејзините нокти.


Имено, покојната кралица Елизабета не им дозволувала на членовите на кралското семејство да си ги бојадисуваат ноктите со интензивни лакови, а единствената нијанса која ја одобрувала е светлорозевата боја наменета исклучиво за членовите на британското кралско семејство од брендот Essie. Нијансата „балетски влечки“ беше една од меките нијанси на лак дозволени за кралските жени.


Црвениот маникир на принцезата Кејт буквално го запали Интернетот. Многумина ројалити беа вознемирени поради тоа, а на социјалните мрежи почнаа да се жалат на прекршување на протоколот.

„Срамота е целата фотографија да ја уништи дрскиот црвен лак на Кејт. Не е протоколарно и Кејт Мидлтон го посрамоти целото семејство. Шокантно“, се вели во еден коментар на Твитер.

Други се потсетија како Меган Маркл беше критикувана кога се осмели да носи црн лак на модните награди на Британскиот совет во 2018 година.

Многу британски медиуми пишуваат дека ова е кршење на протоколот, традицијата, а многумина одат понатаму и пишуваат дека ова е одраз на непочитување кон покојната кралица.

Можеби ние „смртниците“ би рекле: прекрасни нокти и прекрасен маникир. Сепак, нешто што ни е сосема вообичаено и нормално може да биде прилично навреда за кралскиот двор. Очигледно, не е лесно ниту да се биде принцеза.


Фото: Youtube - screrenshoot/Твитер/ Инстаграм 
Видео: ТикТок
Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: