Не е можно ова што се случи: Ѓоковиќ повторно погоди линиски судија со топка по глава
Првиот тенисер во светот погоди уште еден линиски судија, а топката се движеше и побрзо отколку во САД...
По неверојатната дисквалификација во Њујорк, Новак Ѓоковиќ се бори за својата 18 гремн слем титула во Париз, каде што му се потребни уште четири победи за да ја освои. Во мечот против Карен Качанов му се случи нешто неверојатно, повотрно го погоди линискиот судија во глава!
Оваа ситуација е потврдена и во видеото кое со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи.
#RG20 (@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/d8IJNiUbwG
— doublefault28 (@doublefault28) October 5, 2020
За среќа, овде немаше никакви санкции. Го удри додека се обидуваше да ја врати топката на теренот и немаше сомнеж околу тоа дали Новак треба да го продолжи натпреварот или не.
Интересно е тоа што ваквиот удар му се случи на натпреварот од осминафиналето, исто како во Њујорк. Тогаш тоа беше голем скандал, бидејќи Новак го направи тоа откако го загуби сервисот, а помогна и фактот дека организаторите ги имаа облечено собирачите на топки и линиските судии во иста облека, што не беше случај порано.
Во секој случај, Ѓоковиќ го продолжува својот пат и дава сѐ од себе за да ја освои титулата.