Не е само новата учебна година: Научна причина зошто се чувствуваш тажно во август
Летото полеко одминува, се наближува почетокот на учебната година и ноќите стануваат поладни - тоа значи само едно - август. Меѓутоа, тоа не мора да биде причината за вашето лошо расположение.
Стивен Ферандо, директор на психијатриската болница Westchester Medical Centеr за Њујорк магазинот рече: „Августскиот блуз е нешто како кошмар на неделниот блуз“, опишувајќи го феноменот на промена на чувствата кои мал процент од луѓето го чувствуваат, а може да се дефинира и како сезонско афектно нарушување. Додава: „За да имате дијагноза промена на расположението, морате да имате најмалку две недели прилично постојани симптоми кои не се подобруваат. Меѓутоа, доколку вистинското сезонското афектно нарушување не може да се дефинира, постои можност од кратки верзии на истото“.
И додека обично оние кои патат од сезонска депресија, своите симптоми ги забележуваат во зимските месеци поради недостаток од изложеност на дневна светлина, август ги носи своите единствени симтоми, според Њујорк магазинот, вклучувајќи ги почетокот на учебната година, крајот на годишниот одмор и стравот од празничната сезона која доаѓа.
Рејчел Анунзиато, професорка по психологија на Универзитетот Fordham, вели дека клучот за спречување на негативните емоции всушност е да си дозволиш на самиот себе опуштање последните неколку денови од летото. Искористи ги последните денови од одморот не жалејќи се како следи нивниот крај. Пробај да избегнеш разговори кои вклучуваат жалење. Наброи ги сите активности кои сакаш да ги направиш и уживај со пријателите. Исто така, порталот Today објави дека летната депресија ја има само кај 1% од популацијата.