Не е тежок, тој е мојот брат: Ова е најтажната приказна за момчето кое го носел мртвото братче стотина километри до крематориумот
Едната од најтажните фотографии е направена пред атомскиот напад на Нагасаки во Јапонија во 1945 година. По приказната која се крие зад неа потсетува на „Grave of the Fireflies“, јапонската анимирана драма од 1988 година.
На фотографијата е момче кое го носи телото на својот помлад брат, кој настрадал во бомбардирањето. Крематориумот бил неколку стотина километри од градот, а ова момче пешачело со денови за да стигне до таму. Фотографот Џо О'Донел, кој го забележал овој момент, во својот дневник напишал:
„Видов момче старо околу 10 години. Носеше дете на грбот. Во оние денови во Јапонија често гледавме деца како си играат со своите помали браќа или сестри на грбовите, но ова момче очигледно поинаку. И можевме да видиме дека дојде на ова место од сериозна причина. Немаше ни чевли. Лицето му беше сериозно, но без премногу емоции, а позади на грбот, се гледаше мала глава... беше наведната наназад, како детето да спие.
Момчето стоеше 5 или 10 минути без да се помрдне, па мажите со бели маски му пријдоа тивко и почнаа да го одврзуваат јажето со кое го држеше брат му. Тогаш видов дека детете е веќе мртво. Момчето стоеше мирно, не мрдајќи и гледајќи го процесот на кремирање. Толку силно ја гризна долната уста што ја раскрвари.
Тогаш стражарот го праша за телото и му кажа: „Дај ми го товарот кој го носиш на грбот“.
Момчето само тивко му одговор: „Не е тежок, тој е мојот брат“.
Japanese boy standing at attention after having brought his dead brother ,Nagasaki, 1945 pic.twitter.com/66wB6CIatK
— Historical Pics (@VeryOldPics) February 23, 2015
Потоа се помоли, за последен пат го погледна братот и без зборови се заврте и замина засекогаш!“
Џо О'Донел бил на службена задаа, одел да ја документира штетата која била предизвикана во Јапонија со воздушните напади и атомски бомби за американската војска.
Седум месеци во 1945 година ги поминал на службеното патување низ Западна Јапонија и ги следел уништувањата, ги броел живите, мртвите, ранетите, бездомниците и сираците.
фото: Принтскрин / Твитер