Не е важно што ќе речат луѓето, твојот живот е твој живот!
Гледајќи така на чувствата на другите, ќе дојдеш еднаш во ситуација да се запрашаш дали некој се прашува за твоите чувства. Размислувајќи што ќе речат другите, доаѓаш до разочарувачки заклучок дека никој никогаш не се грижел што мислиш ти и каков е твојот став и дека целото тоа време без врска си стравувал од другите.
Ако имаш своја визија за иднината, концентрирај се на неа, а сѐ останато пушти нека те помине. Не е важно што ќе речат луѓето, бидејќи твојот живот е само твој. Можеби се обидуваш да се промениш, поради некои кои не те прифаќаат таков каков што си. Ти ветуваат повеќе своја љубов и грижа доколку промениш некои свои навики. Но, кого сакаат тие, тебе или твојата слика во себе?
Не треба да им поставуваш прашање за да ти одговорат, доволно ти е нивното однесување. Не е важно што ќе речат луѓето, бидејќи твојот живот е само твој живот. Доколку веруваш дека нешто можеш да претвориш во победа, ја имаш загарантирано бидејќи сѐ ќе направиш за да дојдеш до неа. Доколку некој почне да ги понижува твоите соништа, да ги намалува твоите визии, само сврти се и речи му дека не се за него, туку се за тебе. Тој го говори тоа за себе.
Биди толку силен и одлучен во својата намера. Никој да не може да те исфрли од рингот на твојот живот. Не свртувај се за други. Ако тие се свртат за тебе - тоа е нивна работа. Ти го имаш својот пат и оди по него. Немој никој да ти кажува што треба да правиш, а што не смееш. Твојата свест е мерило за твојот живот. Еднаш кога ќе го загушиш гласот на своето срце веќе никогаш нема да можеш да го вратиш назад, бидејќи тоа ќе го повторуваш повторно.
Твојот живот е твоја иднина, а она што другите го кажуваат нека ти биде важно колку и вчерашниот ден кој помина и повеќе нема да се врати