Не го спречија ниту ортопедските помагала: 5 - годишниот Тони собра 1 милион фунти пешачејќи 10 километри
Момче кое користи ортопетски помагала препешачи 10 километри и успеа да собере повеќе од милион фунти за болницата која му го спасила животот кога имал само неколку недели...
Тони Хаџел ги изгубил и двете нозе по насилството кое го претрпел од своите биолошки родители додека бил бебе, по што завршил на интензивна нега во детската болница во Лондон.
Одлучил да собере 500 фунти за таа болница така што ќе пешачи во јуни, но многу брзо ја преминал целта, собирајќи 1,1 милиони фунти на својата интернет страница за собирање средства.
Тони своето пешачење го завршил овој вторник пред голем број луѓе во родниот град на југоистокот на Англија, а својот успех го прослави со своите посвоители.
„Неверојатно е кога ќе помислите дека пред само неколку недели Тони еднај можеше да направи неколку чекори. Тој е толку силно и одлучно момче и ние бевме многу горди“ - кажа неговата мајка Паула Хаџел.
Тони неодамна научил да оди со помош на штаки, но бил инспириран да го заврши предизвикот откако го видел 100 - годишниот воен ветеран, капетанот Тим Мур кој станал популарен откако собрал повеќе од 37 милиони долари за тоа што свртел 100 кругови во својот двор.
Извор: 6yka.com