Нe им беше судено: Тања Савиќ беше лудо вљубена во овој пејач

Нe им беше судено: Тања Савиќ беше лудо вљубена во овој пејач

Објавена во: Живот // Живот

Сите веруваа во нивната љубов...

Популарната пејачка Тања Савиќ започна емотивна врска со нејзиниот колега Дарко Филиповиќ за време на натпреварот „Yвездите на Гранд“. Тие беа среќни во врската, многу се сакаа и многумина предвидуваа успешен брак.

Тие стапија во врска во 2005 година и беа многу интересни за јавноста. Сепак, по само неколку месеци имаше бурно раскинување, но она што е интересно е што и Тања Савиќ и Дарко Филиповиќ често зборуваа еден за друг по разделувањето, но не во позитивен контекст. 

Како што тогаш пишуваа локалните медиуми, Тања и Дарко наводно раскинале поради љубомора, а после тоа имало „пукања“ меѓу поранешните љубовници во медиумите и таблоидите. 

Иако од тогаш помина многу време, секој тргна по својот пат, обајцата имаат семејства, поранешните партнери сè уште не се во добри односи.

Фото: Инстаграм/Тања Савиќ/Дарко Филиповиќ


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: