Не им е лесно: 8 познати личности открија за што најмногу жалат во своите долгогодишни кариери
Беа потполно искрени...
Овие познати личности зад себе имаат многу години искуство и кариера. Но, не секогаш им цветаат ружи, па со текот на времето открија некои работи поради кои жалат дека им се случиле во кариерата.
Иако светот на познатите звучи презабавно, тоа не е секогаш случај. Најголем доказ за тоа се токму овие познати ѕвезди кои беа искрени, па открија за што жалат во својата кариера. Некои жалат поради пластичните операции, а други поради ликовите кои ги глумеле во одредени филмови, иако токму тие ликови ги прославиле.
# Мајли Сајрус
Познатата пејачка жали што ја направила и објавила песната „Wrecking Ball“. Во видеото на оваа песна, Мајли гола виси на огромна топка, на која се ниша. Токму поради тоа најмногу жали кога е во прашање оваа песна, бидејќи кажа дека сите секогаш се сеќаваат на неа токму по тие кадри.
# Софи Тарнер
Оваа позната актерка најмногу жали што кариерата ја одвлекла од запишувањето на факултет. Имено, позната е по својата улога во серијата „Game Of Thrones“, која почна да ја снима на 13 години, а истата заврши кога наполни 23. Токму поради тоа ѝ е жал, што целото свое детство на некој начин го поминала во снимањето на серијата и поради тоа не се запишала на факултет.
# Канје Вест
Канје жали што во еден од своите спотови, неговата тогашна сопруга Ким Кардашијан не покажала повеќе голотија. Иако спотот самиот по себе е експлицитен, тој изјави дека му е жал што Ким не била доволно гола.
# Кејт Винслет
Кога станува збор за оваа актерка, сите прво помислуваат на „Титаник“. И токму тој филм е една од работите поради кои Кејт жали во својата актерска кариера. Не жали поради самиот филм и својата улога, туку не е задоволна ако го одглумила својот дел во него.
# Роберт Патинсон
Овој актер го мрази својот лик од серијата „Twilight Saga“. За ова најмногу жали, бидејќи никогаш не ја сакал својата улога, а најмногу затоа што Едвард никогаш не му се допаѓал како лик кој мора да го глуми, па изјави дека затоа намерно глумел толку депресивен, иако тој инаку не бил таков во книгата.
# Крис Џенер
Крис во едно интервју изјави дека ѝ е жал што се развела од својот тогашен сопруг Роберт Кардашијан. Смета дека нивната ситуација во семејството денес би била потполно поинаква да не го направела тоа, но повторно од друга страна не ѝ е толку жал, бидејќи тогаш не би ги имала ниту Кендал, а ни Кајли.
# Бела Хадид
Бела попушти под притисокот на јавноста, па на 14 години веќе ја направи својата прва пластична операција, а тоа беше операцијата на носот. Денеска се кае и како што вели би ѝ било драга да го задржела својот природен нос.
# Кристина Еплгејт
Оваа актерка можеби не им позната на сите, но токму таа требало да ја глуми Ел Вудс во филмот „Legally Blonde“. Жали поради тоа, бидејќи ја одбила главната улога во филмот, кој подоцна станал екстра популарен. Кажа дека сценариото и изгледало глупаво, а и дека не ѝ одговарала таа главна улога, па тогаш ја одбила, за што денес жали.
фото: Принтскрин / Инстаграм