Не им верувај на ваквите објави: 10 работи за кои луѓето најчесто лажат на Инстаграм
Бидете секогаш скептични во врска со вакви објави.
Знаеме дека Инстаграм е полн со лаги и измами, но има некои објави каде луѓето лажат почесто, затоа што сакаат да го претстават својот живот подобро, отколку што навистина е. Во овие 10 работи немој никогаш да веруваш безусловно, без разлика кој ги објавил.
# Емотивниот статус: слободен/слободна
Дали некој е во врска или не? Тоа е работа која со сигурност можеш да ја потврдиш од нечии објави. Лажењето дека некој е слободен, иако е во врска е една од најчестите лаги. Особено кога се во прашање момците кои сакаат да се допишуваат со неколку девојки во исто време, додека имаат девојка. Лесно е да се сокрие врската на Инстаграм, особено доколку е нова или доколку личноста со која е некој во врска нема Инстаграм.
# Колку нечија врска е силна и среќна
Профилот на Инстаграм може да биде преполн со фотографии од парови кои се смеаат, имаат романтични состаноци, прават слатки работи заедно... а, ти седиш дома сам/а во соба и се прашуваш како е можно сите да имаат некој и да се толку среќни. Факт е дека добар дел од тие парови не се толку среќни, како што покажуваат фотографиите. На Инстаграм се „couple goals“, а во реалноста врската им е далеку од тоа.
# Колку пријатели имаат
Некој може да има помалку пријатели отколку што има денови во една недела, но доколку му го отвориш Инстаграм профилот ќе ти делува како да е најпопуларната личност во училиште. СИте имаат неколку вистински пријатели, а дали тоа им е доволно или сакаат сите да мислат дека се блиски со 50 луѓе? Тоа се сличности кои на сторињата и објавите постојано ставаат фотографии како се дружат со оној, овој, секогаш се со некој и секогаш окружени со луѓе.
# Кои им се пријатели
Освен што луѓето повеќе сакаат да лажат за тоа колку пријатели имаат, тие исто така сакаат да покажат дека супер се сложуваат со луѓето со кои не е така. Кога сакаат да изгледаат популарно и покул, ќе се погрижат да објават фотографија со луѓе кои се сето тоа. Доколку постават неколку објави со таа личност, ја означуваат во коментари, ја означуваат на сторињата... секако следбениците ќе добијат слика дека тоа е некој со кој се дружат, а реланост е всушност многу поразлична и тие не се ниту 1% блиски како што се прикажува.
# Колку се популарни
Сигурно и ти имаш на Инстаграм некои луѓе кои се замислуваат дека се популарни и кои мислат дека се инфлуенсери, а вусшност имаат малку повеќе пријатели, бидејќи заследиле милион луѓе и дел од нив им вратиле „follow“. Според објавите кои ги споделуваат и работите кои ги пишуваат изгледа како да се Кајли Џнер. Додека не им отидеш на профилот и не ти стане јасно дека сето тоа е глума.
# Работи кои ги сакаат
Луѓето лажат за работите кои ги сакаат и своите интереси се многу чести, само за да се вклопат и да станат дел од разговорот или за да привлечат внимание на една личност. Одеднаш девојката која знаеш дека ја мрази природата, започнала да планинари и да оди низ шуми и редовно да споделува фотографи од такви места. Преку ноќ не станала толкав фан на овие активности, туку сака некој да мисли дека тоа е така.
# Што прават во слободно време
На социјалните мрежи можеш да покажеш што сакаш, но и да го сокриеш она што не сакаш другите луѓе да го знаат. Секако дека нема да објави како го пишува домашното три часа или како цел викенд седи дома, бидејќи сипматијата и дал „корпа“, туку ќе го стави она што ја прикажува во подобро светло, а она другото ќе го остави само за сбее. Ќе изгледа дека во слободното време секогаш се дружи со пријателите, во кино, одат на нови места, одат на концерти, патуваат...
# Колку им е животот супер
На никој животот постојано не му е полн со возбудувања и интересни авантури, но доколку им го отвориш профилот на Инстаграм за секунда ќе станеш љубоморен/а, бидејќи изгледа дека живеат совршен живот. Ќе се фалат со фотографии дека им е супер, но никогаш нема да споделат нешто кога работите ќе тргнат во погрешен правец.
# Колку животот им е лош
Спротивно од оние претходно, постојат луѓе кои го прикажуваат она најлошото и постојано се жалат. Секогаш изгледа како на нив да им е најтешко и дека тие никогаш не може да бидат среќни и да го добијат она што го сакаат. Тоа се оние кои патат за внимание, кои обожаваат кога другите ги опсипуваат со охрабрување и секако, со внимание.
# Колку пари имаат
Уште една работа која е честа лага е колку некој навистина е богат. Ќе се фали со своите дизајнерски модни парчиња, шопинг во најскапите продавници, егозтичните патувања, но она што не го споменува е дека едвај си го дозволува сето тоа или дека има долгови поради една Шанел чанта.