Не ја крие љубовта кон хит патиките за оваа пролет: Ќерката на Синди Крафорд го носи ретро моделот со скоро сите лежерни комбинации (ФОТО)
Како и многу познати трендсетерки, ќерката на Синди Крафорд последните месеци не може да замисли ниту една модна комбинации без легендарните патики...
Легендарните „Samba“ патики од брендот Адидас станаа „must have“ модел за 2023 година.
Оваа титула им ги додели модната библија „Vogue“, а за тоа постојат многу добри причини. Покрај податоците од продажбата и фактот дека класичните верзии на „Samba“ исчезнуваат од полиците со брзина на светлината со секое обновување на залихите, „Vogue“ овој наслов го поткрепи со бројни комбинации на најголемите трендсетерки на денешницата.
Една од нив е и Каја Гербер, 21-годишната ќерка на Синди Крафорд и девојка на ѕвездата од „Елвис“, актерот Остин Батлер.
По примерот на Хејли Бибер, оваа позната бринета скоро секоја лежерна комбинација ја надополнува со најпосакуваните патики во овој момент, што и овој пат беше случај на улиците во Лос Анџелес.
Во спортската комбинација, составена тренерки и кроп топ маица со кратки ракави, црниот модел на „Adidas Samba“ совршено се вклопи. Целата приказна, младата трендсетерка ја заокружи со качкет, а целиот изглед ја разби со чанта во смарагдно зелена нијанса.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Profimedia