Не ја носам истата облека двапати: Инфлуенсерка троши 3.000 евра неделно на облека, следбениците ја „растргнаа“

Не ја носам истата облека двапати: Инфлуенсерка троши 3.000 евра неделно на облека, следбениците ја „растргнаа“

Објавена во: Мода // Moj стил

Рекордот го постави минатата година, кога потроши 872.744 евра на облека...

Дека жените сакаат да инвестираат во гардероба и дека за повеќето е многу важно што ќе облечат не е новина. Некои дами купуваат поскапи парчиња облека што ги носат повеќе од еднаш, додека има и такви кои сакаат да ги носат најновите трендови и не вложуваат големи суми пари во својата гардероба, но ја купуваат почесто.

Сепак, вистинска реткост е да наидете на личност која после едно облекување повеќе не го користи тоа парче облека.

Во оваа група се вбројува и една инфлуенсерка од Австралија, Микаела Теста (21), која троши повеќе од 3.000 евра неделно за облека.

„Забавниот факт за мене е дека не сакам да носам исто парче облека двапати, затоа издвојувам повеќе од 3.000 евра за облека неделно“ - рече таа во едно од видеата на „ТикТок“.

Видеото наиде на бурни реакции од нејзините следбеници, но и корисници на истата социјална мрежа, кои ѝ сугерираа дека може да ја донира облека, но дека треба да се однесува како неодговорна личност.

„Знам дека си богата, но треба да носиш поодговорни одлуки“ - беше само еден од коментарите.


Ова не е првпат Микаела да сподели колку пари троши во јавноста. Минатата година, таа презентираше информации дека нејзините трошоци се зголемиле за речиси четирипати, односно од 29.500 евра за неколку месеци, почнала да троши повеќе од 106.000 евра.

Месецот во кој потроши најмногу пари беше ноември, кога нејзините трошоци изнесуваа повеќе од 175.000 евра, откако купуваше божиќни подароци за своето семејство во брендираните продавници како Луј Витон и Прада.

Рекордот на Микаела е направен минатата година, кога потроши 872.744 евра.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: