Не мора да биде страшно и стресно: Како посетата кај гинеколог да ти биде поудобна?
Ваквите прегледи не се забавни, а ни удобни, но од друга страна, постојат ли такви?# Одреди што најмногу те плаши
Постојат многу причини поради кои посетата кај гинекологот може да биде страшна и стресна. Тој ти ги прегледува твоите интимни делови на телото со чудни апарати кои за тебе се непознати. Добра работа е тоа што денес можеш да се информираш на интернет и да ги дознаеш искуствата на другите. Никој нема да ти каже дека овој преглед му е одличен, но можеш да дознаеш од што точно се состои прегледот.
Некои девојки се плашат од овој преглед, а најмногу бидејќи се загрижени поради тоа како телото им изгледа, поради мирисот на своето тело или поради тоа што не се сигурни дали треба да ја „средат“ интимната зона или не. Во едно треба да бидеш сигурна, гинеколозите веќе виделе многу работи и се соочиле со многу ситуации. Сѐ останато зависи од тебе. Лекарот нема да ти суди или поради нешто да те прекори.
# Истражи однапред за ништо да не може да те „фати“ неподготвена
Прогуглај и проучи го докторот или докторката кај која ќе одиш и види дали можеш да пронајдеш ренцензии од други луше. Доколку се изразено негативни, можеш да го промениш гинекологот, но често ќе наидеш на позитивни искуство. Доколку некоја твоја пријателка веќе го направила првиот преглед, можеш да поразговараш со неа, таа искрено ќе ти раскаже.
# Сети се дека ваквиот преглед не е нешто необично, туку дека на него одат сите девојки не се чувствуваат пријатно
И за другите е еднакво стресно и страшно одењето кај гинеколог. Добро е да се запамети дека и не мора да одиш сама. Твојата мајка или постара сестра може да дојдат со тебе, како морална поддршка, а дури може да те држат и за рака. Но, сепак имај на ум дека гинекологот ќе те праша некои интимни прашања на кои можеби ќе ти биде да дадеш одговор пред мајка ти.
# Доколку се плашиш од нешто поврзано со самиот преглед, прашај ја докторката отворено за се што те мачи
Како што веќе споменавме, твојот гинеколог веќе видел многу работи. Нема глупаво прашање, можеш да прашаш сѐ, тој ќе ти одговори најдобро што може. Доколку навистина се плашиш, кажи го тоа пред почетокот на самиот преглед, имаат и тие свои трикови како да те опуштат и да го направат прегледот што поудобен и помалку болен.
# Сети се дека овие прегледи се важни за да бидеш здрава
Полошо од тоа да се чувствуваш неудобно е да го игнорираш своето здравје и тогаш мора да се сооччиш со негативните последици. Посетата од 20 минути не е толку страшна колку што може да биде страшно доколку се разболиш.