Не можете да заспиете за време на топлите ноќи? Постои решение!
Во следните денови не очекуваат високи температури. Поради топлината која може да се задржи во домовите, не им е на сите лесно да потонат во мирен сон.
Слични проблеми имале и жителите на Белгија за време на топлиот бран кој минатата недела ја погоди западна Европа.
Јавниот сервис на таа земја им даде совети на граѓаните како да се наспијат во тропските летни ноќи, пренесува РТС.
# Разладете го телото
За да заспиете, температурата на вашето тело мора да се спишти. Телото ја регулира температурата преку ширење на крвните садови во кожата. На тој начин топлината, особено во одредени точки: во главата, рацете и стапалата. Како резултат на тоа, температурата на телото опаѓа. Како може да се реши тоа во тропските ноќи?
Истуширајте се пред да одите во кревет, разладете го вратот, спијте со откриени стапала или мокри чорапи, спијте сами, прекривката нека ви биде од памук.
# Разладете ја собата
Не го разладувајте само телото и околината мора да биде доволно разладена за да заспиете. Според зборовите на експертите, идеалната температура за спиење е помеѓу 16 и 19 степени. Како да ја постигнете за време на летото?
Вклучете го клима уредот, отварајте ги прозорите во вистинските моменти, вентилаторот користете го внимателно, направете си свој систем за разладување, исклучете ги електричните уреди, спијте на приземје.
# Внесувајте повеќе течности
# Избегнувајте претопли купки
# Не претерувајте со вежбање пред спиење