Не можете ни да претпоставите: Кои се децата на маиците кои ги носеа „Лет 3“ на настапот на Евровизија?
„Лет 3“ ја однесе Хрватска во финалето на Евровизија...
По 6 години, Хрватска е повторно во финалето. Да, дури 6 години, Хрватска не успеа да се избори за место во финалето на Евровизија. Последен пат во финалето можеше да се гласа за оваа држава кога во 2017 година ја претставуваше Жак Худек.
Од „Лет 3“ никој не очекуваше ништо помалку од финале. Нивниот настап и песна дефинитивно е специфичен и не е еден од оние настапи кој е дел од масата, а тоа е она што е потребно за Евровизија. Ако не се издвоиш, немаш шанси. Единствена работа заради која многумина се разочараа е тоа што на сцената немаше трактор, но и без него тие одлично си ја завршија работата. Но, нешто друго од нивниот настап на сите им падна во око, а тоа се децата на нивните маици.
Кои се тие деца и зошто се таму? Бидејќи пеат за психопат, кој често се споменува низ текстот, логично е да се помисли дкеа тоа би можеле да бидат „светски психопати“, луѓето кои започнувале војни како деца. Но, не се. Децата на нвините маици се тие самите, членовите на групата „Лет 3“ кога биле мали.
Оваа информација ја открија во подкастот на Евровизија, па ако не си голем обожавател на ова натпреварување и не си го гледал подкастот, ова сигурно не го знаеш. Тие гостуваа во епизодата 19, а подкастот се вика „The Official Eurovision Song Contest Podcast“.
Ако и тебе децата на маиците ти паднаа во око, сега знаеш во што се крие тајната.
фото: Принтскрин / Инстаграм