Не престанува со сакандалозното одесување: Бритни Спирс ги почести следбениците со танц на шипка, фановите се загрижени за неа (ВИДЕО)

Не престанува со сакандалозното одесување: Бритни Спирс ги почести следбениците со танц на шипка, фановите се загрижени за неа (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Oткако беше ослободена од старателството на нејзиниот татко по 13 години, односно, откако престана неговата целосна контрола врз нејзиниот живот, кариера и финансии, се чини дека, Бритни Спирс сега се обидува да го надомести она што го пропуштила во претходните години, па често објавува провокативни содржини на Инстаграм, понекогаш дури и целосно голи, на кои интимните делови и се покриени со раце или стикери.

Исто така, Бритни со задоволство ги споделува своите кореографии со следбениците на социјалните мрежи, кои ги прави за омилени песни. Последната во низата контроверзни објави, е онаа на која пејачката во оскуден костим за капење играше околу шипка.

Да потсетиме, неодамна во медиумите се појавија информации дека децата на Бритни одлучиле да се преселат со нивниот татко Кевин Федерлајн што подалеку од пејачката, а како причина е наведено скандалозното однесување на нивната мајка, кое често може да се види на Инстаграм и другите социјални мрежи.

Фото:britnyisntagram

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: