Не претставуваше на Јуниорската Евровизија, а следната недела Марија ќе ги брани боите на Македонија во Бугарија!
Младата Марија Спасовска минатата година ја претставуваше нашата држава на Јуниорската Евровизија со песната „Дома“. Но, оваа млада девојка не запира овде.
Имено, таа следната недела ќе замине во Бугарија каде што ќе ги брани боите на Македонија на фестивалот за филмска музика „Арлекин“. Таму ќе ја изведе култната „My heart will go on“од безвременскиот „Титаник“. На овој фестивал таа доби специјално повикана по преслужувањето на нејзините досегашни објави од нејзините настапи на YouTube.
Фестивалот ќе се одржува од 08 до 12.06 во Варна, а нашата Марија со само 13 години ќе застане на отворената сцената во центарот на градот на уметноста. До започнувањето на фестивалот уживајте во изведбата на оваа песна, која ја има на нејзиниот YouTube канал.