Не работи испраќањето на директни пораки: Корисниците на Инстаграм се сѐ понервозни

Не работи испраќањето на директни пораки: Корисниците на Инстаграм се сѐ понервозни

Инстаграм повторно има проблеми, а корисниците од различни региони пријавуваат проблеми со испраќањето и примањето на директните пораки. Истите проблеми ги имаат и корисниците на Фејсбук Месенџер.

Според наводите на различни извори и корисници на Инстаграм и Фејсбук Месенџер платформите за размена на пораки, се појавува необичен проблем каде пораките исчезнуваат откако корисниците ќе ги испратат. Двата сервиси со овие проблеми се соочуваат веќе неколку часа и тој уште не е решен.

Проблемот го пријави и „DownDetector“, порталот кој ја следи состојбата на веб-страниците и пријавува проблеми во работата. Големите проблеми во работата на Инстаграм и Фејсбук се појавија од вчеравечер.

За среќа, освен проблемите со директните пораки, остатокот од платформите функционира нормално. Откако се појавива проблемите, Инстаграм стана главна тема на Твитер и корисниците таму ги пријавуваат проблемите со работата на сервисот.

Во овој момент, не е познато што е причина на споменатите проблеми, како ни колку време ќе ѝ биде потребно на платформата за ги реши истите. 

Инстаграм и порано имаше проблеми во работата, а поголем број на пријави од страна на корисниците се забележани на крајот од јуни.


Можеби ќе ве интересира: