Не сака да профитира на заразата: Тинејџер одбил милионска понуда за својот сајт за корона
17 - годишниот Ави Шифман од Вашингтон, САД ја одби понудата од 8 милиони долари за продажба на палтформата за следење на ширењето на вирусот Ковид - 19, кој самиот ја има направено и развиено.
Во прашање е сајтот ncov2019.live кој на посетителите им овозможува да ги проверуваат сите информации кои се релевантни за коронавирусот и статистичките податоци за ширење на заразата во различни земји во светот.
Платформата има 30 милиони следбеници дневно, а досега 700 милиони луѓе ги користеле податоците кои се објавуваат таму.
Тинејџерот понудата да го продаде својот сајт ја одбил и тоа со образложение, кое гласи: „Имам само 17 години, не сакам да профитирам!“.
Ави исто така го одби и работното место кое му го понуди компанијата Microsoft. На оние кои го убедувале да ја продаде платформата која ја развил, тврдејќи дека во иднина ќе жали што не ја прифатил, им одговорил дека сака да задржи автономијата во водењето на платформата и дека сака податоците да бидат достапни бесплатно на сите кои доброволно ќе се зачленат, а да не стане комерцијален проивод со продажбата.
„Се надевам дека во иднина, „алатките“ како оваа, ќе ги прави самата Светска здравствена организација“ - кажа 17 - годишниот тинејџер.