Не сакав да земам награда за која не сум се изборил: Младиот пливач Матеј Велковски за својот неверојатен гест
Матеј Велковски е 11 – годишно момче, кое е ученик во шесто одделение во О.У. „Крсте Мисирков“. Веќе неколку години се занимава со пливањето, а во последните денови ги освои сите со својот неверојатен гест на натпреварот „Орион куп мини“.
Плива од пет години, а за да го тренира овој спорт, најголеми виновници се неговите родители.
„За овој спорт се одлучив затоа што од многу мал сакав да пливам и кога ќе завршеше летото јас цело време чекав да дојде следното за да можам пак да пливам. Тогаш моите родители ми кажаа дека на базен можам да пливам преку цела година.“ – ни раскажа младата пливачка ѕвезда.
Омилена дисциплина му е градното пливање, а идоли од светот на пливањето му се Келеб Дресел и Адам Пити.
Дека е скромен говори и фактот што не можеше да одвои една омилена награда, односно медал од натпреварувањата во кои има учествувано.
„Имам учествувано на многу натпревари, и сите награди ми се омилени. На сите се радувам исто,дали е златен сребрен или бронзен медал.“ – посочи Матеј.
Како што споменавме на почетокот, на натпреварот „Орион куп мини“ направи нешто кое не би го направил секој - пријде до судијата и на сите им даде до знаење дека не заврши прв и дека не го заслужуваш златниот медал.
„Се одлучив да го вратам златнит медал затоа што не ми беше заслужен. Не сакав да земам награда за која не сум се изборил.“ – кратко и јасно кажа 11 – годишниот Матеј, а потоа додаде:
„По тој натпревар сите беа горди на мене, и моето семејство и моите тренери, а секако ипријателите.“
Ниту карантинот не го спречил да се откаже од овој спорт, а еве на кој начин ја одржувал кондинцијата:
„Да, ми недостасувашебазенот, но со нашите тренери секој ден трениравме онлајн – иамвме сув тренинг и тие тренинзи беа многу интересни, помалку тешки,но сите бевме заедно се дружевме, спортувавме и останавме во топ форма“.
Учебната година започна и истата се одржува онлајн, а Матеј како вреден ученик, на кој ништо не му претставува проблем, брзо се вклопил.
За крај ни откри дека пливањето не е негово единствен хоби.
„Во слободно време тренирам шах, играм фудбал, возам велосипед, планинарам и си играм со другарите.“ – ни откри Матеј.
Сево ова е доказ дека за ова момче граници не постојат, а неговата фер плеј игра е вистински показател дека во иднина ќе може да очекуваме многу негови успеси.
И. Мисајловска