Не се грижи за правилата и за тоа што мисли кралицата: Таа е најубавата и најлудата припадничка на кралското семејство
Лејди Амелија Виндзор (24) во центарот на вниманието се најде откако се појавија фотографиите од нејзиното однесување во клубовите, а на кралицата Елизабета Втора особено не ѝ се допадна глетката од русокосата убавица како во када пуши цигара. На обичните луѓе, Амелиај им се допаѓа, па на Инстаграм ја следат повеќе од 24.000 луше, а особено ѝ порасна популарноста по „дебитантскиот бал“ во Париз, од каде што водеше фото блог од првите редови.
По скандалот со пушењето цигара во када, Инстаграм профилот некое време ѝ беше заклучен, но недолго потоа, на среќа на многумина, повторно го отвори. Сепак, сега е во малку поинаков „муд“. Тука се позите по примерот на Ријана, фотографиите од музичките фестивали и артистичките селфиња. „Најубавата припадничка на британското кралско семејство“ - ја нарекоа медиумите.
Својата голема премиера на светска сцена ја имаше на Балот на дебитантките во Париз во 2018 година (традиционална модна забава од хуманитарен карактер, на која секоја година учествуваат 20-тина нови девојки на возраст од 16 до 22 години, кои во креации од високата мода им се претставуваат на општеството, а сите се од најпознатите и највлијателните семејства на светот).
Единствена штета за Амелија во Париз е што на истото место во голем стил се појави и ќерката на Риз Витерпун, Ава Филипе, која моментално е миленичка на светските медиуми. Сепак, без сомнеж ќе се најде место и за Мел, бидејќи оваа девојка потпиша договор со модната агенција „Сторм“, која ги изнесе некои од најпознатите имиња во светот на моделингот, како што се Кејт Мос и Кара Делевињ.
фото: Profimedia