Не се откажува: Канје Вест повторно ќе се кандидира за претседател на САД, разголената Бјанка ќе биде негова „десна рака“
„Бјанка ќе биде совршена во улогата на прва дама“
Раперот Канје Вест (46) повторно планира да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави пренесуваат странските медиуми. Како што тврдат, сите надежи наводно ги полага во својата девојка, односно сопругата Бјанка Ценсори. Извор близок до раперот за изјавил дека Кање ќе се кандидира сто проценти и дека Бјанка „ќе биде совршена во улогата на прва дама“.
Во 2020 година, кога Канје првпат се кандидираше за функцијата, потроши повеќе од 12 милиони долари на својата неуспешна кампања, но тоа не го спречи да се обиде повторно. Потоа ја основа својата претседателска партија.
Да потсетиме, на почетокот на годината се шпекулираше дека Канје се оженил со Бјанка Ценсори, два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Тие се видени заедно во јавност со бурми на рацете, а според изворите, венчавката се одржала во тајност.
Сепак, странските медиуми јавуваат дека младенците никогаш не поднеле барање за дозвола за брак, иако Бјанка еднаш изјавила дека е мажена. Инаку, парот живее заедно во пентхаус со две спални соби во Западен Холивуд.
Фото:youtube/screenshot