Не се откажува од долгите нотки и високите потпетици: Оваа девојка е автомеханичарка која ги руши сите стереотипи (ВИДЕО)
И покрај критиките, таа не се откажува од работата која ја обожава...
Пејтон Чикони од Калифорнија ги руши сите предрасуди. Таа веќе 7 години работи како автомеханичар и притоа не се откажува од екстра долгите нокти, високите потпетици и за неа препознатливиот моден стил на рбаотното место.
Оваа 25-годишна девојка, која ги урива стереотипите и предрасудите, често е потценувана на работа, бидејќи како жена се нашла на работа која традиционално се смета дека е „машка“.
„Како жена се соочувам со многу потешкотии во индустријата, како на пример тоа што мажите ме малтретираат и омаловажуваат секојдневно“ - вели оваа девојка, која има речиси 1,2 милиони следбеници на ТикТок.
Пејтон истакна дека многу мажи ја обвинуваат дека лаже, бидејќи според нив никој не може да ја работи таа работа со толку долги нотки и во кратки здолништа.
@minitruckbabe The girls that get it get it #longnails #nails #mechanic #femalemechanic #mechanicsoftiktok #mechaniclife #xlnails #cargirl #fyp #foryoupage #baddies #baddie #girlpower original sound - DUK Squad
Нејзините нокти кои се долги и повеќе од 7 сантиметри, всушност ѝ помагаат кога ги поправа автомобилите, бидејќи може да ги користи за да изгребе нешто или генерално да ги користи како замена за алат.
Со своите објави за секојдневните ситуации од работилницата за автомобили, таа сака да ги инспирира и другите жени да не се плашат да се занимаваат со работи во кои традиционално можеби доминираат мажите.
„Жените дефинитивно повеќе им веруваат на маханичари како мене, бидејќи знаат дека нема да им наплатам премногу или да ги измамам само поради нивниот пол“ - кажа Пејтон, а пренесува британскиот „Daily Mail“.
@minitruckbabe How to: replace a difftential on a 350z or G35 Part: 1 . . . #tutorial #howto #carhacks #mechanic #automotive #mechaniclife #mechanicsoftiktok #longnails #nails #cargirl #sanrio #hellokitty #kuromi #nissan #350z #jdm #jdmcarsoftiktok #bluecollar #bluecollarboys #bluecollarbabe #femalemechanic #diy #cars #womenintrades #womeninstem #baddie #baddies #nissan #g35 #nailsoftiktok #carguys #carguy #carscene #learnontiktok #fyp #foryoupagе #trending #braids #boxbraids Jus bëtter - Yeat
Нејзината страст кон автомобилите зпаочнала кога била дете и си играла со својот брат близнак. Кога го започнала курсот за автомеханичар, таа била единствената жена во група од 100 луѓе.
И покрај тоа што во текот на школувањето и работата ѝ се случиле многу работи поради кои со задоволство би се расплакала, оваа девојка не сака да се откаже од своето модно изразување или да не ја работи работата која толку многу ја сака.
фото: Принтскрин / ТикТок