Не се знае која подобро изгледа: Цеца и Анастасија ни дождот не ги сопре за да уживаат на плажа
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ моментално престојува во Црна Гора, каде изминатиот викенд одржа настап, по кој слободното време го користи за одмор и уживање.
Цеца вчера со ќерката Анастасија и пријателите, помеѓу кои беше и пејачката Марина Висковиќ, се опушташе на плажа, а ниту дождот не успеа да им го расипе доброто расположение.
Многумина веднаш забележија дека не се знае која подобро изгледа во костим за капење - дали мајката или ќерката.
„Дожд, море и уживање“ - напиша Цеца покрај видеото кое го сподели на својот Инстаграм профил.